Одличната сезона за Монако продолжи и на натпреварот против Метц од деветтото коло во француското првенство во кој „црвено-белите“ славеа со 2-1, но средбата ја одбележа неверојатниот гол на младиот фудбалер на гостите, Ламиен Камара.
Деветнаесетгоидшниот Сенегалец ја одзема топката на средината на теренот, примети дека голманот на Монако е далеку од белата линија на својот гол па со фантастичен удар го постигна можеби и најубавиот гол во досегашниот дел од сезоната.
LAMINE CAMARA WITH THE GOAL OF THE SEASON SO FAR?! 😳🤯 pic.twitter.com/8hIPyX1YQ1
— Ligue 1 English (@Ligue1_ENG) October 22, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА