Последната листа на стоте најдобри кошаркари во НБА на популарната „ЕСПН“ предизвика голема полемика во јавноста во Соединетите американски држави. Меѓу критичарите се јави и еднократниот Ол-стар играч, Кенјон Мартин кој не беше задоволен од тоа што Лука Дончиќ го завзема четвртото место на истата.
Говорејќи на подкастот на поранешниот кошаркар Гилберт Аренас, Мартин остро го критикуваше Словенецот со изјава дека тој не може да чува ни канта ѓубре, а не е ниту најдобриот кошаркар во својот тим.
„Лука Дончиќ е рангиран како четвртти најдобар кошаркар, а според моето мислење не е ниту најдобриот во својот тим. Ви гарантирам, ставете ги Лука и Кајри да играат еден на еден. Ако му ја дадете првата топка на Кајри, Лука нема ни да ја допре. Лука не може да ја чува ниту кантава за ѓубре.
Дали Лука е добар? Апсолутно, тој е добар за својот тим. Но работата која ја знаат сите луѓе во кошарката. Ако твоите бројки не носат нешто за тимот тоа се само некои бројки. Кога го гледам тимот и ќе го видам Кајри секогаш би го одбрал него прв“, изјави Мартин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА