Англиската јавност останува загрозена од однесувањето на навивачите на Манчестер Сити кои на полувремето од натпреварот против Брајтон извикуваа погрдни пароли за неодамна починатата легенда на англискиот фудбал и Манчестер Јунајтед, Сер Боби Чарлтон кој го напушти овој свет на 86-годишна возраст.
Актуелниот шампион на Англија соопшти дека ќе започне постапка против „малубројните поединци“ кои го посрамотиле тимот.
„Клубот најостро ги осудува паролите и безрезервно се извинува на семејството и пријателите на Сер Боби и сите во Манчестер Јунајтед. Нашето обезбедување ги анализира видео снимките од одредени места на стадионот. Благодарни сме на оние кои го пријавија ова недолично однесување“, стои во дел од соопштението на Манчестер Сити кое во исто време и аплеира да било каква информација која ќе доведе со идентификување на лицата кои ги очекува забрана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

