Дени Авдија добива богат НБА договор

Израелскиот кошаркар со српско потекло, Дени Авдија останува во редовите на Вашингтон Визардс до крајот на сезоната 2027/28, пренесуваат американските медиуми. 22-годишникот кој дебитираше во НБА лигата во 2020 година ќе потпише нов пет годишен договор вреден 55 милиони евра.

Во трите сезони поминати во најсилното кошаркарско првенство Авдија забележа голем напредок за кој добива се поголема минута. Во сезоната 2022/23 Авдија бележеше просек од 9.2 поени, 6.4 скокови и 2.8 асистенции со 43 отсотна реализација во обидите од поле.

Се вчитува...