Поранешна шампионска на светот ги понижи Албанија и Србија: Тоа не е цивилизација

Најдобрата словенечка шахистка, Лаура Унук предизвика лавина на негативни коментари во јавноста кај нашите соседи Албанија и Србија по последната објава на социјалните мрежи.

Поранешната јуниорска шампионка на светот којa на 23 годишна возраст ги носи титулите велемајстор и меѓунардоден мастер настапуваше на регионални турнири во Албанија и Србија, а по враќањето во Словенија објави фотографија на социјалната мрежа „Инстаграм“ од тоалет во белградската автобуска станица, назначувајќи дека е среќна што се вратила во цивилизација во Словенија.

„По девет дена во Албанија и 12 во Србија многу сум среќна што се вратив во цивилизација во Словенија. Преживеав неколку вируси и 18 предизвикувачки мечеви, но најголемата загатка ми беа толетите на белградската автобуска станица кои се уште не знам како да ги користам“, напиша Унук.

Се вчитува...