Папу Гомес: Не се допингував, тестот ми е позитивен од сируп за кашлица на синот

Папу Гомес категорично отфрла вина за позитивниот дпоинг тест од ланската сезона додека настапуваше за Севилја, откако аргентинскиот репрезентативец беше казнет со двогодишна суспензија од Шпанската Фудбалска Федерација, казна што важи низ целиот свет и го суспендира и неговиот статус во италијанскиот прволигаш Монца.

Тој тврди дека забранетата супстанца ја внел во организмот несвесно, преку сируп за кашлица како лек за болеста што ја имал во тој период.

„Никогаш не сум, ниту пак некогаш во животот ќе се обидам да ги подобрам моите перформанси земајќи забранети супстанци. Претпоставуваме дека позитивниот допинг тест се должи на тербуталинот во мојот организам, кој случајно го проголтат од лажичката со сируп за кашлица што му го дадав на синот. Важно е да се прецизира дека тербуталинот е дозволат за голем број професионални спортисти и на ниту еден начин на ги подобрува перформансите во фудбалот. Побарав од мојот адвокат да го разгледа случајот бидејќи не е реагирано во склад со нормите, ниту пак суспензијата е донесена со земање во предвид на сите докази“, објави Папу Гомес.

Се вчитува...