Киелце потврди: Без Сичко во Битола

Киелце ќе биде дополнително ослабен на претстојниот дуел од Лигата на Шампионите против Еурофарм Пелистер откако полскиот првак објави дека во Македонија ќе допатува без својот најдобар стрелец, Симон Сичко.

Полскиот репрезентативец е втор најдобар стрелец во ЛШ сезонава со 36 погодоци, но повредата на зглобот заработена на последниот меч со Пик Сегед придонесе тој да не биде во комбинација за дуелот во Битола.

„Во Македонија ќе мораме да се снаоѓаме без нашиот најдобар стрелец. Времето на враќање ќе зависи од рехабилитација на повредениот лигамент, но ќе се обидеме да опоравиме Сичко за настап на претстојниот Супер-глоуб“, се вели во информацијата од Киелце.

Само за потсетување, Талант Душебајев не може да смета ниту на најдобриот ракометар во екипата на Киелце, шпанскиот репрезентативец Алекс Душебајев.

Полскиот првак по пет кола се наоѓа на петтото место на табелата со само пет освоени бода (две победи, едно реми и два порази), додека Еурофарм Пелистер е единствениот тим без бодови во групата А од Лигата на Шампионите.

Се вчитува...