Кристијано: Сигурно ќе играм и во 2024 година, за потоа – не знам дали ќе можам

Кристијано Роналдо продолжува со извонредните настапи во дресот на Ал Наср, со кои португалскиот ас само покажува дека и покрај 38-те години се уште може да игра на највисоко ниво. Дел од медиумите минатата седмица објавија дека тој преговара со Ал Наср за потпис на нов договор што би бил со важност до 2026 година, но Роналдо го демантираше тоа објавувајќи дека нема донесено долгорочна одлука за иднината.

Планот засега е тој да ја одработи последната година од договорот со Ал Наср (договорот му истекува на крајот на 2024), да настапи за Португалија на ЕВРО 2024.

„Навивачите ме прават среќен каде и да играм, задоволен сум што им возвраќам на ист начин. Дефинитивно ќе играм и следната година, но дали кариерата ќе ја продолжам и подоцна… тоа не можам да го кажам уште сега. Не знам дали ќе можам, ќе видам како ќе се чувствувам физички, секогаш сум работел напорно, тоа ме донесе таму каде што сум сега и ако не можам да го задржам нивото ќе морам да ја завршам кариерата“, изјави Роналдо за португалскиот весник „О Жого“.

Се вчитува...