Торино загуби со убедливи 0-3 на домашен терен од Интер, но уште поголем проблем за тренерот Јуриќ претставува повредата на најдобриот дефанзивец во тимот, Пер Шурс.
Холандскиот репрезентативец настрада при еден дуел со Николо Барела, незгодно изместувајќи ја ногата и останувајќи да лежи во агонија на теренот. Шурс беше на носилки изнесен од теренот, а денешните детални прегледи само ги потврдија стравувањата – станува збор за кинење на лигаментите на коленото, по што оваа сезона е предвреме завршена за одличниот одбранбен фудбалер.
Шурс сезонава настапи на сите девет натпревари на Торино во Серија А, постигнувајќи и еден гол на дуелот против Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

