Хрватскиот фудбалер од редовите на Лион, Дејан Ловрен по поразот на неговиот тим од Клермон во 9. коло од француското првенство се соочил со немила ситуација откако градци се обиделе да упаднат во неговиот дом, пренесуваат француските медиуми.
При влезот во неговиот дом Хрватот приметил оштетување и обид за насилен влез во куќата, но за среќа крадците не биле успешни во својот обид. Полицијата извршила увид, а засега нема уапсени.
Ова не е прв обид да биде ограбена куќа на фудбалер додека тој настапува за својот тим. Слично искуство неодмана имаше и фудбалерот на Севилја, Серхио Рамос чија куќа беше ограбена од страна на професионални крадци за време на натпреварот на Севилја во Лигата на Шампиони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА