Поранешниот капитен на Наполи, Лоренцо Инсиње во јануарискиот трансфер рок би можел да се врати назад во Италија, пренесуваат италијанските медиуми. Искусниот голгетер не се најде во МЛС лигата каде настапува во редовите на Торонто и е подготвен за камбек.
За неговите услуги постои интерес од Лацио и Рома со тоа што римските ривали ќе се обидат да го донесат прво на шест месечна позајмица, а потоа и да го откупат неговиот договор.
Триесетидвегодишниот неаполитанец забележа 434 натпревари за Наполи на кои 122 пати ја тресеше мрежата и 95 пати асистираше до своите соиграчи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

