Селекторот на германската кошаркарска репрезентација, Гордон Херберт кој ги предводеше Германците до шампионскиот трофеј на Светското првенство кое неодамна се одржа во Филипини, Јапонија и Индонезија не доби дозвола за ангажман на клупско ниво.
Херберт беше голема желба на легендарниот Тони Паркер за наследник на неговиот брат Ти-Џеј Паркер на клупата на францускиот евролигаш Асвел, но долгите преговори не вродија плод откако не доби „зелено светло“ од страна на германската кошаркарска федерација.
„Разговаравме за можноста да го водам АСВЕЛ и националниот тим истовремено со Кошаркарската федерација на Германија. Тие не ја подржаа идејата и јас ќе го прифатам тоа. Никогаш не би се противел на одлука на федерацијата“, изјави Херберт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

