Новиот тренер на Филаделфија, Ник Нурс се соочи со голем проблем во претсезоната откако незадоволсто изрази големата ѕвезда на клубот Џејмс Харден. Поранешниот МВП побара да биде разменет притоа критикувајќи го генералниот менаџер на „франшизата“ Дерил Мори, нарекувајќи го лажго.
А, пак Нурс според последната изјава е подготвен и за животот без Џејмс Харден. Според американскиот стратег неговото отсуство немало никакво лошо влијание во претсезонските натпревари и тимот е подготвен за сезоната која започнува оваа седмица.
„Мислам дека се подготвував за ова цела недела. Размислував многу за ова и го подготвив тимот за натпреварот без Џејмс Харден. Но, имам друг план во случај нешто да се промени. Неговото отсуство воопшто не влијаеше многу на нас во подготвителните средби. Само излеговме и игравме, а ќе продолжиме да ја играме нашата кошарка. Мислам дека ќе играме без него додека нешто не се промени“, рече Нурс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

