Црвена Звезда стигна до четвртата победа во АБА лигата откако на дебито на грчкиот стратег Јанис Сферопулос на клупата, во претпоследниот натпревар од 4. коло славеше на гостувањето кај ФМП со 72-83 во натпревар во кој вицешампионот на првенството до триумфот стигна во последните минути.
ФМП кој не ја започна сезоната сјајно се покажа како одличен противник на денешната средба. И покрај тоа што Црвена Звезда во најголемиот дел од натпреварот ја имаше резултатската позитива, во првата четвртина истата изнесуваше 16-21, на полувремето 33-41, за во третата четвртина истата да стигне и до двоцифрена (37-51), домашниот тим не се предаде.
Одигра одлично и стигна до изедначување од 63-63 во воведот на последната четвртина, имаше натпревар на еден посед до четири минути пред крајот, но немаше сили за сензационален триумф. Црвена Звезда одигра на искуство, ја врати двоцифрената предност и приреди мирен финиш на средбата.
Со 16 поени и 3 скокови Вокер беше лидер на ФМП, додека Теодосиќ со дабл-дабл учинок од 10 поени и 10 асистенции беше прво име кај Црвена Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА