На Дракслер му е преку глава од катарските аматери: Го напушти теренот сред натпревар (ВИДЕО)

Светскиот шампион со Германија во 2014 година, Јулијан Дракслер ова лето направи изнанадувачки трансфер во Катар каде потпиша за Ал Ахли со цел да запознае нова култура по 12 години поминати во Европа, според неговата изјава за германските медиуми.

Сепак животот во Катар не започна најдобро за Германецот со оглед на дебаклот кој го доживеа неговиот клуб. Наместо да конкурира за титула, Ал Ахли се наоѓа во зоната за опстанок, а Драклсер незадоволството го изрази со напуштање на теренот во тек на натпреварот.

Ал Ахли губеше со 2-0 пред Дракслер да влезе во игра, а и покрај тоа што поранешниот германски репрезентативец два пати го враќаше својот тим во игра, пресуди голот на противникот во 90. минута по која демонстративно да не го дочека последниот судиски свиреж.

 

Се вчитува...