Фудбалерот кој проба да саботира трансфер во Барселона ја заврши кариерата

Поранешниот француски репрезентативец, Жереми Матје стави крај на професионалната кариера на триесетидеветгодишна возраст по две сезони поминати во аматерскиот фудбал.

Матје кариерата ја започна во Сошо во 2002 година, а добрите настапи го донесоа до Тулуз од каде премина во Валенсија. Таму се задржа од 2009 до 2014 година, беше и капитен на тимот пред да премине во Барселона во трансфер вреден 20 милиони евра кој воопшто не го посакуваше.

„Не сакав да одам во Барселона. Уживав во Валенсија во која бев капитен. Уживав во животот во Валенсија и се прашував зошто би преминал во Барселона да греам клупа. Пробав да направам една измама за договорот да пропадне, но не успеав“, откри Матје.

По три сезони поминати во Барселона Матје премина во Спортинг каде настапуваше до 2021 година.

Се вчитува...