Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо се договори за нов договор со Милвоки Бакс кој ќе биде со важност до 2028 година.
Јанис имаше важечки договор со тимот од Висконсин до 2025 година со што можеше да преговара за заминување веќе следното лето.
Се чинеше дека тоа може да биде реална опција, со оглед на тоа што и претходно изјави дека трофеите му се приоритет, но по доаѓањето на Демијан Лилард во Милвоки работите се променија.
Адетокумбо според новиот договор ќе заработи 186 милиони долари, но 2027/28 година е незадолжителна, што значи дека доколку сака ќе може да го напушти клубот без последици.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

