Томас Милер продолжува да урива рекорди во дресот на Баерн Минхен, откако легендарниот голгетер на последниот дуел со Мајнц стана играч со најмногу победи во историјата на Бундес-лигата.
Тухел го уфрли Милер во игра во 88. минута во Мајнц, сосема доволно за да му биде забележана 323. победа во елитното германско фудбалско друштво. Ветеранот дојде до оваа бројка со 449 настапи во Бундес-лигата, уривајќи го рекордот на својот тимски соиграч Мануел Нојер, кој има 322 победи, но на вкупно 478 средби како голман на Шалке и на Баерн Минхен.
Томас Милер неодамна стигна и до јубилејната стота победа во Лигата на Шампионите, прв во историјата кој дошол до оваа бројка настапувајќи за само еден клуб ако сезнае дека и Кристијано Роналдо и Икер Касилјас дојдоа до троцифрен број на победи низ настапи за различни клубови во ЛШ.
„Се уште не сум готов“, порача Милер по својот последен рекорд.
Следниот рекорд што го напаѓа е оној за најмногу натпревари во германската репрезентација, Милер засега има 125, само пет помалку од рекордерот Лукас Подолски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

