Македонската женска репрезентација до 19 години со победа против Луксембург го започна квалификацискиот турнир од Лига Б (рунда 1) за пласман во квалификации, Лига А за Елитна рунда за ЕП. На турнирот во Ерменија, македонската репрезентација денеска со убедливи 4:0 славеше против Луксембург.
Стрелци на головите за селекцијата која ја предводи Астрит Мерко беа Веса Села во 20. минута, Билјана Панеска ја удвои предноста пред крајот на првото полувреме, а во продолжението погодија Јована Павловска во 52. и Симона Мајер во 68. минута.
Во составот на нашата селекција на турнирот на кои учествуваат репрезентациите на Ерманија, Луксембург и Украина се наоѓаат 20 фудбалерки:
Голмани: Кристина Павловска (Шкендија), Натали Талевска (Топ Гол);
Одбрана: Еда Далипи (Ас Јунајтед), Слаѓана Ѓоргиева (Тиверија), Ива Јованоска (Љуботен), Росана Китановска (Љуботен), Катерина Петкова (Истатов);
Среден ред: Аријана Ајдари (Хомбург, Германија), Диана Алуши (Ас Јунајтед), Ива Јосифова (Тиверија), Симона Мајер (Макаби, Израел), Сара Мена (Ас Јунајтед), Ивана Милевска (Топ Гол), Рона Рустеми (Шкендија), Миа Велинова (Скопје);
Напад: Теодора Далческа (Ас Јунајтед), Билјана Панеска (Тиверија), Јована Павловска (Цевитана), Веса Села (Ас Јунајтед)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА