Удинезе го отпушти тренерот Сотил

Андреа Сотил повеќе не е шеф на стручниот штаб на Удинезе откако управата на овој калчолигаш реши да му врачи отказ на тренерот по катастрофалниот старт на сезоната.

Удинезе е без триумф во првите девет средби од новата сезона, па иако шест од овие девет меча завршија нерешено, раководството одлучи да се раздели од Сотил. Како штго најавуваат италијанските медиуми, нов тренер на „фриулијаните“ ќе биде Габриеле Чофи, кој пред две години седеше на клупата на овој тим, а сега го прифатил предизвикот да се врати на чело на „црно-белите“ од Удине.

Тимот на Удинезе се наоѓа во катастрофална форма, има забележано само пет победи во цела 2023 година, од кои две со Сампдорија и една над Кремонезе, тимови кои испаднаа во втората лига.

Останува да се види дали новиот тренер ќе најде излез од кризата, бидејќи ако тоа не се случи наскоро, „фриулијаните“ ќе ги очекува тешка борба за опстанок во италијанската фудбалска елита.

Се вчитува...