„Брегалница утре не смее да има проблем против Јанг Тим во Купот на Македонија“

Брегалница утре од 14 часот во Штип ја очекува осминафиналната пресметка во Купот на Македонија против Јанг Тим од Струга.

Штипјани имаат повеќе од поволна ждрепка за пласман во четвртфиналето, против струшкиот нисколигаш против кого ја носат огромната фаворитска улога.

И младиот Иван Глигоров, кој на претходниот куп-натпревар го постигна својот прв хет-трик во сениорската кариера, верува дека Брегалница нема да има проблем за место меѓу најдобрите осум екипи во Купот на Македонија.

„Не очекува релативно лесен натпревар, но не смееме да се опуштиме и сигурен сум дека секој поединец ќе го даде својот максимум за пласман во четвртфинале. Првиот сениорски натпревар во купот го одиграв одлично, постигнав три гола, па ќе се потрудам да го задржам истиот ритам и да помогнам на екипата на утрешниот дуел“ – вели Глигоров во изјава за официјалната страница на Брегалница.

Дали купот е можеби најреалниот пат за излез во Европа за Брегалница сезонава?

„Од наша гледна точка, купот е одлична шанса за пласман во Европа. Секој поединец во екипата ќе даде максимум да стигнеме најдалеку што можеме. Но, не смее да забораваме дека продолжуваме со полн ритам и во првенството. Во сабота нè очекува и тоа како тешко гостување во Кратово, но сигурен сум дека нема се вратиме со празни раце, а наша цел се трите бода. Атмосферата во клубот е повеќе од одлична, така да во наредните средби очекуваме само позитивни резултати“ – вели Глигоров.

Се вчитува...