Најдобриот голгетер во Европа е достапен за само 17.5 милиони евра

Најдобриот голгетер во Европа кој досега забележа вкупно 15 погодоци на девет овосезонски натпревари за Штутгарт во сите конкуренции, Серу Гираси во јануарскиот преоден рок ќе биде достапен за само 17.5 милиони евра колку што изнесува неговата откупна клаузула.

Дваесетиседумгодишниот Гираси од петнаесетте постигнати голови четрнаесет ги постигна во Бундеслигата со што го предводи Штутгарт до неверојатен успех на почетокот на сезоната со второ место на табелата зад воечкиот Баер Леверкузен.

Сепак според информациите од Германија, Гираси е задоволен со статусот кој го има во клубот и не планира да замине престојната зима. А, доколку Штутгарт сака да го задржи и по крајот на сезоната ќе мора да му понуди нов договор бидејќи клаузулата ќе се зголеми на само 20 милиони евра.

Се вчитува...