Пешиќ поради Србија одби враќање во шпанската кошарка

По само четири кола во Евролигата два клуба веќе направија промена на тренерското место. Прво АСВЕЛ му врачи отказ на Ти-Џеј Паркер, а ден подоцна и Црвена Звезда на Душко Ивановиќ.

Овој тренд се очекува наскоро да го продолжи Басконија која не е задоволна од Хоан Пењароја, а единствениот проблем кој го спречува отказот според шпанските медиуми е тоа што нема вистинска замена.

Според шпанскиот „Спорт“ неколку тренери веќе ја одбиле понудата на Басконија, а еден од ние е и селекторот на Србија Светислав Пешиќ. Искусниот стратег не сака да се врати во шпанската кошарка и сака да остане фокусиран само на српската репрезентација која следното лето ја очекува настап на Летните олимписки игри во Париз.

Се вчитува...