Стрелците „спијат“, само два гола по првиот дел на шесте меча во ЛШ

Вакви резултати ретко се случуваат во Лигата на шампионите. Во шесте мечеви од 21:00 часот, има само два гола. Реал Мадрид со голот на Родриго има предност против Брага, а Мартинели во судиското надополнување го донесе Арсенал во предност кај Севилја. На другите мечеви нема голови.

Гол постигна и Унион Берлин против Наполи, но беше поништен поради офсајд. Нема голови на Бенфика – Сосиедад, Ленс – ПСВ, Манчестер Јунајтед – Копенхаген и Унион Берлин – Наполи.

Неверојатно е тоа што на средбата на „Олд Трафорд“, судијата свирна крај на полувремето 15 секунди пред истекот на официјалното време.

Се вчитува...