Два прекрасни гола на Роналдо, Ал Наср до трета победа во азиската ЛШ (ВИДЕО)

Екипата на Ал Наср стигна до третата победа во азиската Лига на шампиони, откако го совлада тимот на Ал Духаил од Катар со 4-3. Творец на победата на домашниот тим беше кој друг ако не Кристијано Роналдо кој постигна два гола, а асистираше за уште еден за конечен триумф и го донесе својот тим блиску до пласман во следната фаза.

Ал Феиха, екс тимот на Трајковски беше убедливо поразен од Ал Аин од ОАЕ со 4-1 и засега ги губи шансите за првото место и пласман во следната фаза.

Се вчитува...