Селекторот Кире Лазаров го објави списокот од 21 ракометар на чии услуги ќе смета за претстојниот двомеч со селекцијата на Грција, на почетокот од месец ноември во Солун.
Кормиларот на националниот тим ќе ги искористи овие натпревари за воигрување во пресрет на настапот на ЕП 2024, па очекувано нема ни преголеми ротации во составот на македонската репрезентација. Искусниот Никола Костески ќе добие шанса на десно крило по добрите игри во дресот на Плзењ во чешкото првенство, додека конкуренцијата на пивотменската позиција се засилува со Милан Лазаревски, кој одлично ја почна сезоната во дресот на Вардар.
Шанса ќе добие и Емилијан Ѓорговски, бекот кој до пред една година важеше за суперталент, но не доби премногу шанси за докажување на клупски план.
Предвидено е првиот собир да се одржи на 30 октомври во Скопје, а натпреварите во Солун се закажани за 3 и за 4 ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА