Поранешниот легендарен фудбалер на Барселона и шпанската репрезентација, Џерард Пике смета дека клубот треба да размисли да му даде шанса на Рафаел Маркез доколку дојде до промена на тренерското место на „Камп Ноу“ и од него замине Чави.
Маркез за Барселона настапуваше од 2003 до 2010 година, период во кој се закити со 12 трофеи меѓу кои два во Лигата на Шампионите и четири во Ла Лига, а сега работи како тренер во „Б“ тимот на Барселона.
„Мислам дека е подготвен да биде предводник на првиот тим. И повеќе од подготвен со оглед на ставот, знаењето за играта и искуството кое го поседува. Сега е во процес на учење, а сигурен сум дека во иднина ќе го видиме на клупа на некој тим во Ла Лига. Ќе видиме дали тоа ќе биде Барселона, но тој фантастично се подготвува за тоа“, вели Пике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА