Јувентус денеска и официјално ја продолжи соработката со Федерико Гати, потпишувајќи нов договор со овој фудбалер со важност до јуни 2028 година.
Гати изненадувачки беше доведен во Јуве во јануари 2022 година, кога „старата дама“ плати 5,4 милиони евра за да го откупи неговиот договор со Фросиноне. Како што одминуваше времето така минутажата на Гати се зголемуваше, па овој дефназивец сезонава заедно со Бремер важи за „столб на одбраната“ на најтрофејниот италијански клуб.
Без оглед на смешниот автогол што си го постигна во финишот од дуелот со Сасуоло, Гати важи за играч од доверба на тренерот Алегри, кој впрочем и инсистираше дефанзивецот да добие долгогодишен договор со зголемување на платата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

