Комесарот за натпреварување при КФСМ ги одреди казните за случувањата на вечното дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички.
Кошаркарот на Работнички, Квентон Декози, кој влезе во конфликт, а потоа и го удри во лицето Дамјан Стојановски од МЗТ Скопје е суспендиран на четири меча, а покрај тоа ќе плати и парична казна од 25.000 денари.
Работнички следните два меча ќе ги игра пред празни трибини, а ќе плати и парична казна од 69.000 денари. МЗТ Скопје исто така еден меч ќе биде без публика, поради фрлени пиротехнички средства од нивните навивачи во „Кале“. Актуелниот шампион ќе плати и 28.000 денари парична казна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА