Двоен проблем: Њукасл остана без бодови, но и без двајца фудбалери

Њукасл остана без бодови на домашниот натпревар против Борусија Дортмунд, а Еди Хау покрај поразот мора да биде загрижен и поради повредите на двајца фудбалери заработени на оваа средба.

Најдобриот напаѓач на Њукасл, Швеѓанецот Александер Исак, го повреди мускулот уште во првото полувреме и мораше да биде заменет по само петнаесет минути игра. Џејкоб Марфи влезе во вториот дел на местото на Жоелинтон, но само пет минути подоцна заработи тешка повреда на рамото и мораше да го напушти теренот.

„Кај Исак се чини дека е обновување на старата повреда на мускулот што го мачеше пред извесно време. Кај Марфи проблемот е многу посериозен, се чини дека е изместување на рамото. Секако дека ова се големи проблеми, ние немаме премногу играчи во тимот и секое отсуство сериозно се одразува особено кога се игра на секои три-четири дена“, изјави Еди Хау по натпреварот.

Њукасл веќе в сабота го очекува нов предизвик во Премиер-лигата, гостување против екипата на Вулверхемптон.

Се вчитува...