Во ЦСКА се бесни на Евролигата: Како тоа ги избркавте Русите, а Израелците можат да играат во Белград?

Првиот човек на ЦСКА Москва, Андреј Ватутин, жестоко ги нападна челниците на Евролигата поради нееднаквиот аршин при одлучувањето за судбините на клубовите кои воедно се и акционери и ко-основачи на елитното европско клупско натпреварување.

ЦСКА пред две години беше исфрлена од Евролигата поради воениот конфликт во Украина, а Ватутин е бесен откако сега при војната меѓу Израел и Палестина, на Макаби му беше дозволено своите натпревари да ги игра како домаќин во Белград.

„Пред две години тимот на ЦСКА беше исфрлен од политички причини, дури и објаснувањето што тогаш го добивме беше смешно бидејќи знаевме дека тоа е политичка одлука што нема врска со кошарка. Тогаш ни беше речено дека мораме да бидеме суспендирани од безбедносни причини, поради проблеми со патувањата. Сега го гледаме истиот случај со Макаби, тим што не може да игра во својата земја, а одеднаш имаше опции на маса да бира каде да игра како домаќин. По истата логика, Макаби требаше да биде исклучен. Или пак од друга страна, зошто никој на нас не ни понуди да играме надвор од Русија, сигурно ќе прифатевме. Јасно е, се е политика, нема никаква врска со спортот“, разочаран е првиот човек на ЦСКА Москва.

Се вчитува...