Шкотскиот фудбалер и дефанзивец на Ливерпул, Енди Робертсон имаше операција на десното рамо, објави менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
Робертсон се повреди на 13. октомври за време на квалификацискиот натпревар на Шкотска за ЕП против Шпанија.
„Робертсон беше опериран и се помина во најдобар ред, најдобро што може. Сега започнува опоравувањето“, изјави Клоп.
Во дуелот против Шпанија, Робертсон мораше да ја напушти играта по судирот со голманот на шпанската репрезентација, Унаи Симон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

