Српскиот кошаркар Василије Мициќ говореше за следните Олимписки игри на кои ќе игра и Србија.
Мициќ од оваа сезона е член на тимот на Оклахома Сити Тандер во НБА лигата, но се надева дека ќе биде дел од репрезентацијата на Србија на игрите во Париз.
„Се надевам дека ќе играм. Нашиот тим е одличен. Имаме голем потенцијал за следното лето, се додека останеме здрави. Доаѓањето во НБА беше сон за мене. Дојдов во добра организација. Поминав низ ситуации во мојот живот кога се се менува во текот на сезоната. Мило ми е што сум тука“, изјави Мициќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

