Ферстапен со двајца телохранители во Мексико

Макс Ферстапен ќе има двајца телохранители покрај себе за време на тркачкиот викенд во Мексико Сити.

Ова го соопшти Хелмут Марко, советникот во Ред Бул. Причината е што на трикратниот светски шампион во Формула 1 не се очекува топло добредојде во мексиканската престолнина.

Холанѓанецот доаѓа на теренот на клупскиот колега Серхио Перез. Ферстапен беше жестоко исвиркан на подиумот во Остин, а во Мексико се очекува да биде уште полошо. Макс минатата година ги налути навивачите кога одби да ја исполни клупската наредба и да му ја отстапи позицијата на Перез, кој се бореше за второто место во генералниот пласман.

„Макс рече дека не му треба никој и дека е целосно опуштен. Сепак, ние мора да преземеме одговорност. Неговата безбедност е наш приоритет“, изјави Марко.

Се вчитува...