Феникс 2010 се засили со поранешен младински репрезентативец

Поранешниот младински репрезентативец Благој Димитриев е ново засилување на прволигашот Феникс 2010, потврди и скопскиот клуб.

За Димитриев тоа воедно е и враќање на добро познатото место со оглед на тоа што во младинските категории ги бранеше боите на Феникс 2010. Со себе носи и прволигашко искуство со настапите за АВ Охрид, Ангели, Струмица и Пелистер.

 

Се вчитува...