НБА го враќа стариот Ол-стар формат

Ол-стар викендот во НБА лигата кој е закажан за периодот помеѓу 16. и 18. февруари 2024 година во Индијана ќе биде одбележан со натпреварот на најголемите ѕвезди на источната и западната конференција, а за разлика од последните години форматот ќе биде како оној пред 2018 година.

Оттогаш тимовите ги носеа имињата на капитените кои воедно и сами ги бираа соиграчите без разлика од која конференција доаѓаа. Притоа тимовите играа три четвртини по 12 минути, а во последната четвртина беше одреден конечен број на поени до кои победничкиот тим треба да стигне, без временско ограничување од 12 минути.

Кој ќе се најде на Ол-стар викендот и понатаму ќе биде избор на фановите, а капитен на тимот и понатаму ќе биде оној со најголем број на гласови од источната и западната конференција.

Се вчитува...