Ново коло и ново МВП признание за Џо Рис (ВИДЕО)

Четвртото коло од Првата кошаркарска лига донесе нови шест возбудливи натпревари ширум терените во Македонија каде дел од кошаркарите имаа извонредни изданија. Еден од нив беше центарот на Феникс 2010 кој трет пат по ред го добива признанието за најкорисен играч.

Американецот во победата на Феникс 2010 над Кожув забележа дабл-дабл учинок од 34 поени со 13 скокови од кои седум во нападот за индекс на корисност од 44 поени.

Се вчитува...