Капитен на шпански клуб ја заврши кариерата поради болест на сопругата

Фудбалерот на Лас Палмас, Џонатан Виера објави дека веднаш ја прекинува фудбалската кариера, а причината е болеста на неговата сопруга.

Капитенот на Лас Палмас ја извести јавноста на социјалните мрежи. 34-годишниот фудбалер не беше во составот за дуелот со Рајо Валјекано, а се шпекулираше зошто го нема во составот на својот тим, се додека самиот фудбалер не соопшти детали.

На неговата сопруга Естефанија и бил дијагностициран тумор на грлото на матката, и играчот сакал да биде покрај неа во лекувањето.

Се вчитува...