Партизан запиша голема победа од 88-86 во српската пресметка од Евролигата, во повеќе од драматичен натпревар кој го реши неверојатниот Алекса Аврамовиќ.
Партизан во последната четвртина влезе со негатива од 12 поени (53-65), но тогаш на сцена стапи Алекса кој во последните пет минути од дуелот со своите 12 поени, и плус една асистенција и една украдена топка, донесе неверојатен пресврт за конечна победа.
Партизан одлично го почна мечот добивајќи ја првата четвртина со 22-13. Но, се во продолжение, се до последните пет минути. беше во знакот на црвено-белите кои реализираа извонредна серија благодарение на цврстата одбрана и офанзивниот скок. Па, Црвена Звезда во последната четвртина од мечот влезе со предност од дури 12 поени (53-65).
Но, тогаш на сцена во последните пет минути од мечот кај Партизан стапи Алекса Аврамовиќ кој во серија запиша 9 поени, а имаше и украдена топка на три минути пред крајот, за тројка на Дозие кој го донесе Партизан до водство од 80-79. А, потоа неверојатниот Алекса Аврамовиќ на две минути пред крајот со нова тројка за водство на Партизан и од 83-80.
ALEKSAAA with the huge shot in crunchtime 🎯🎯🎯#EveryGameMatters pic.twitter.com/4pBM7JHUqr
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) October 26, 2023
Во играта низ слободни фрлања, Милош Теодосиќ на една минута до крајот донесе негатива од само еден поен за Црвена Звезда (84-83), за да сепак Партизан го однесе дуелот кон конечна победа од 88-86.
Токму Аврамовиќ со 14 поени (од кои 12 во последната четвртина), и Ледеј со 13 поени беа најефикасни кај Партизан, а Боломбој со 16 поени и Напиер со 14 поени беа најдобри кај Црвена Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА