Новак навива за Ц. Звезда, ама синот Стефан „лудува“ по Партизан (ВИДЕО)

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ никогаш не криел дека од млади години навивал за Црвена Звезда во екипните спортови иако, како што вели, не е дека го мрази Партизан.

Но, очигледно неговата љубов кон Црвена Звезда не влијае, пак, околу одлуката за кого ќе навива неговиот син Стефан кој е луд по црно-белите бои и Партизан.

Па, вчера Новак заедно со синот Стефан и сопругата Јелена ја следеа големата српска пресметка меѓу Партизан и Црвена Звезда во Евролигата која на крај ја доби Партизан со 88-86.

А, токму малиот Стефан не можеше да се воздржи од еуфорична прослава на тројката на Алекса Аврамовиќ за водство од 83-80 која го отвори патот кон победата на црно-белите…

Се вчитува...