Алекса Аврамовиќ и Милош Теодосиќ се и тоа како блиски од заедничките репрезентативни денови во минатото. Но, тоа не значи дека не смее да има меѓусебни провокации за време на дуелите меѓу Партизан и Црвена Звезда.
Така беше и синоќа во српската пресметка во Евролигата. Интересен момент меѓу двајцата кошаркари на десеттина секунди пред крајот кога Партизан веќе го презеде водството.
Алекса се доближа до Теодосиќ и Јаго дос Сантос во желбата да слушне нешто од нивниот разговор. На тоа Теодосиќ, онака на шега, му одбруси: „Оди бре во к..ац“… Сепак, Аврамовиќ го бакна и во рамото поранешниот репрезентативен соиграч што наиден на дополнително чудење кај Теодосиќ.
Stani on njega na kraju poljubi u rame?😂 pic.twitter.com/AM23rl7GBy
— Borko (@Shtogod) October 26, 2023
На крај, Аврамовиќ беше херојот за Партизан со постигнати 12 поени во последната четвртина кои ги го предизвикаа пресвртот, а Теодосиќ, пак, беше трагичарот во составот кај црвено-белите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА