Добри вести за Барса пред „Ел Класико“, четворица играчи се вратија на тренинзите

Четири од повредените фудбалери на Барселона, денеска се вратија на тренинзите на тимот, пред утрешното дерби против Реал Мадрид. Од вчера и Рафиња се приклучи на подготовките на екипата, а денеска тоа г остирија и Роберт Левандовски и Фенки Де Јонг.

Исто така на тренинзите се појавија и Педи и Жил Кунде, но тие тренираа со смален интензитет, и мали се шансите да се појават на утрешното дерби.

Барселона сигурно ќе биде без услугите на Сержи Роберто, кој е единствениот играч во моментов кој не тренира со екипата. Според „АС“, полскиот голгетер Левандовски да почне во стартниот тим на утрешното „Ел Класико“.

Се вчитува...