Тонали во составот на Њукасл за викендов и покрај суспензијата

Тренерот на Њукасл, Еди Хау кажа дека постои голема шанса Сандро Тонали да биде дел од тимот на мечот против Вулверхемптон, и покрај тоа што беше суспендиран на 10 месеци поради скандалот со обложување.

Играчот од средниот ред може да се најде во тимот, со оглед дека Њукасл и натаму не ја добил официјалната одлука околу суспензијата од страна на италијанската федерација.

„Ги слушнавме вестите, соопштенијата, но и натаму не добивме ништо официјално од италијанските власти. Мислам дека постојат големи шанси да ни биде на распологање. Има некои работи кои треба да се случат пред суспензијата да стапи на сила. Ќе видиме“, рече Хау.

Њукасл во сабота гостува на Вулверхемптон, само неколку дена после поразот на домашен терен во Лигата на шампионите од Борусија Дортмунд.

Се вчитува...