Норвешкиот скијач Лукас Брaтен, се одлучи да ја заврши кариерата на само 23-годишна возраст. Актуелниот првак на Светскиот куп во слалом, минатата сезона победи во две слаломски трки и една во велеслалом, а веста ја соопшти на прес-конференција во Зелден, каде што почнува новата сезона во скијање.
Скијачот не соопшти никаква причина за откажувањето, но се шпекулира дека се скарал со својата матична федерација, и поради тоа се одлучил на ваков чекор.
„Се повлекувам, завршив. Вчера ги известив членовите на тимот. Првпат после оваа одлука сум среќен, слободен. Благодарност сум на се што минав низ мојата кратка кариера. За да продолжам со скијањето во овој систем, морав да ги оставам на страна моите соништа, радости и живеење. Не сакам тоа да го правам. Ништо не може да го замени чувството кога се спушташ и ја минуваш целта и доживтниот труд и да го споделиш тој момент со оние кои дошле да те гледаат со љубов и енергија. Тоа многу ќе ми недостасува. За мене спортот е забава, откако дојдов сакав само да направам претстава, и горд сум на тоа што го направив. За мое добро сега завршив“, рече Брaтен.
Тој ја почна кариерата во 2018 година, вкупно оствари пет победи, а имаше 12 искачувања на победничкиот пиедестал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА