Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон рече дека повеќе болиди треба да бидат прегледани после трката, и дека многу од нив не би го минале прегледот, откако тој и Шарл Леклер се дисквилифакувани од трката за ГН на САД во Остин.
Седумкратниот светски првак минатата недела го презеде второто место, а Леклер беше шести, но после инспекцијата двајцата се дисквалификувани поради поставеноста на подот на болидот пониско од она што треба, поради што дошло до прекумерно абење.
„Лудо е што тестираа само четири болида, и од тие 50% се дисквалификувани. Имам информации дека многу болиди имале неправилности, но се извлекоа. Кога имате рамна површина, сите ќе се обидат да го симнат болидот што пониско. Некои болиди подобро ги поднесуваат ударите од други, а знаете дека имавме нерамен болид во изминатите две години. Но, не беше по прописите и тоа треба да се промени“, рече Хамилтон.
И други возачи се побунија на оваа одлука. Норис рече дека ако постои неправилност на еден болид од една екипа, тогаш голема е веројатноста и другиот да биде неисправен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА