Еден од најдобрите тренери на сите времиња Жозе Мурињо има само зборови на пофалба за својот млад колега Чаби Алонсо. Чаби Алонсо тренерската кариера ја започна во јуниорската категорија на Реал Мадрид, а денеска успешно го впдо Баер Леверкузен.
Многумина го гледаат како наследник на Карло Анчелоти на клупата на кралскиот клуб, а Жозе Мурињо воопшто не е изненаден што неговиот поранешен ученик прераснува во добар тренер.
„ЗаЧаби Алонсо секогаш знаев дека еден ден ќе стане тренер. Неговото познавање на играта беше многу високо. Го тренираше Гвардиола во Баерн, јас во Реал Мадрид, Анчелоти во Реал Мадрид и Бенитез во Ливерпул. Ако сето тоа се состави, би рекол дека Чаби има услови да биде многу добар тренер“, изјави Жозе Мурињо.
Баер Леверкузен во моментов е прв во Бундеслигата. Под водство на Шпанецот оваа сезона „фармацевтите“ по осум кола имаат седум победи и едно реми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

