Модриќ доби златен подарок (ФОТО)

Хрватскиот фудбалер од редовите на Реал Мадрид, Лука Модриќ доби прекрасно изненадување. Фирмата „iDesign Gold“ која се занимава со изработка на луксузни персонализирани мобилни телефони му подари позлатен iPhone 15.

На него се гравирани иницијалите на Хрватот, бројот 10, а има и посебна фотографија на позадината. Со тоа компанијата го продолжи трендот на дарување на подароци на највлијателните фудбалери. Претходно мобилни телефони на поклон добија и Мбапе, Винисиус и Грилиш.

Се вчитува...