Фудбалер на Манчестер Јунајтед под истрага за расизам против клупски колега

Манчестер Јунајтед ги забележа првите три бода во Лигата на Шампионите откако во третото коло славеше против Копенхаген со 1-0 на „Олд Трафорд“ во натпревар во кој херој на „црвените ѓаволи“ беше голманот Андре Онана кој одбрани пенал во продолжението на второто полувреме.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го прославија Онана на социјалните мрежи, но објавата на Алехандро Гарначо донесе и непосакувана истрага за расизам. Имено, младиот Аргентинец на социјалните мрежи објави фотографија од Онана која ја опиша со два емоџија – горили, кои фудбалската федерација на Англија ги протолкува како расистички.

Сепак очекувањата се дека Гарначо нема да биде санкциониран за објавата со оглед на тоа што во негова одбрана застана и самиот Онана.

„Луѓето не треба да бираат што ме навредува мене. Гарначо мислеше на моќта и силата. Ова не треба да оди понатаму“, се огласи Камерунецот.

Се вчитува...