Осимен го бара невозможното од Наполи, премиерлигаши чекаат на готовс

Голгетерот на Наполи, Виктор Осимен кој досега запиша 65 голови на 111 одиграни натпревари за тимот од Неапол има важечки договор со актуелниот шампион на Италија до јули 2025, а мала е веројатноста дека ќе остане во клубот и по оваа година, откриваат италијанските медиуми.

Според информациите на Даниеле Лонго преговорите за продолжување на соработката помеѓу Нигериецот и раководството на Наполи не се одвиваат во добар ред поради „нереалнтие“ барања на Осимен. 24-годишникот сака дупло поголема плата од сегашната со која заработува 4.5 милиони евра по сезона и истата би ги направила најплатениот фудбалер во историјата на Серија А.

Претохно овој рекорд го држеше Ромелу Лукаку со годишна заработка од 8.5 милиони евра во настапите за Интер, но Белгиецот мораше да се сложи за големо намалување оваа сезона во Рома.

Со оглед на тврдоглавоста на претседателот Де Лаурентис очекувањата се дека Осимен нема да ја добие посакуваната плата од Наполи, а тоа ќе му го отвори патот за заминување од Италија. Во тој случај во готовс чекаат Челси и Ливерпул, а со оглед на тоа што може да замине како слободен играч по следната сезона, големи е веројатноста дека ќе реализира трансфер по крајот на сезоната 2023/24.

Се вчитува...