Ракометарите на Тиквеш се вратија на победите во домашниот шампионат по елиминацијата од ЕХФ еврокупот. Кавадарчани вечерва на домашен терен ја оправдаа фаворитската улога славејќи без проблеми над новјалијата Аеродром со 43-31.
Домаќините фуриозно го стартуваа мечот и многу брзо стигнаа до три гола предност (5-2). До крајот на првиот дел разликата само се зголемуваше, а кавадарчани на полувреме заминаа со највисоките плус десет (25-15). Во второто полувреме избраниците на Никола Матлиевски само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 43-31.
Евгениј Темелкоски со девет гола беше најдобар поединец во таборот на победничкиот тим, додека кај поразените Виктор Трифуноски постигна шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА